Му се допадна, или не – Еве како реагираше Ибрахимовиќ на бомбата на Флокари (Видео)

Златан Ибрахимовиќ влезе во второто полувреме за да му помогне на Милан да се спаси од пораз против СПАЛ, а камерите ја фатија во живо неговата реакција по страшно ефектниот гол на Серџо Флокари во 30-тата минута.

Играчот на СПАЛ упати вистинска бомба од 30-тина метри, а топката во чуден лак падна зад грбот на Џиџи Донарума.

Ибрахимовиќ само вртеше со главата, веројатно незадоволен од негативата на Милан од 0:2 на гостувањето кај еден од најслабите тимови во Серија А.

https://twitter.com/Acmilani99/status/1278423679328796675?s=20

Потоа и влезе во игра во 65-тата минута, но Милан сè уште губи со 0:2.

- Оглас -

Најнови вести