Му се исполни желбата на Федерер: Утре се простува со меч во двојки, партнер ќе му биде Надал!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер утревечер во Лондон на „Лејвер купот“ ќе го одигра својот последен официјален меч во кариерата. Му се исполни желбата на Федерер да игра во двојки заедно со својот долгогодишен лут ривал Рафаел Надал.

Противници на Федерер и Надал во спектакуларниот меч, кој ќе биде и полн со емоции, ќе им бидат Американците Џек Сок и Френсис Тијафо.

Федерер во Лондон ги имаше најубавите моменти во кариерата, осум пати го освои Вимблдон, во британската престолнина двапати го освои завршниот АТП-турнир, па сметаше дека во тој град треба да го одигра и својот последен меч. Покрај тоа, сите најголеми имиња на светскиот тенис се таму и Федерер ќе има испраќање какво што заслужува.

- Оглас -

Најнови вести