Му се лизна на Бенедетини, голманот на Сан Марино прими смешен гол (Видео)

Голманот на Сан Марино прими смешен втор гол на мечот со Кипар и е директен виновник за предноста на гостите од 2:0.

Симоне Бенедетини е аматерски голман и реагираше несмасно во 38-мата минута при ударот на Фотис Папулис, топката му мина и низ рацете и низ нозете и влезе во мрежата.

Сан Марино е најслабата репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 година и веќе прими 26 гола на шест меча, меѓу нив и веројатно најсмешниот, вечерва во 38-мата минута на дуелот со Кипар.

Погледнете ја реакцијата на Бенедетини и комичниот гол што му е запишан на Папулис.

https://www.youtube.com/watch?v=y_zHiAW5F90

- Оглас -

Најнови вести