Му се оствари сонот: Прво финале на турнир од Мастерс серија за Гофан

Давид Гофан одигра одлично полуфинале во Синсинати, со 6:3, 6:4 го победи Ришар Гаске и за првпат во седумгодишната професинална кариера ќе игра меч за титула на турнири од Мастерс серијата 1000.

Гофан направи брејк во четвртиот гем, доволно за да поведе со 1:0 во сетови, а потоа успеа да анулира негатива од 0:2 и повторно беше поуспешен од Гаске за победа од 2:0 во сетови.

Утре Гофан во своето 13-то АТП финале ќе игра со подобриот од второто полуфинале кое се игра ноќеска меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести