Му се погоди на Кројф јуниор – Ќе дебитира како селектор против Меси и Аргентина

Жорди Кројф е нов селектор на Еквадор, потпиша тригодишен договор, а ќе дебитира на 26. март во пријателски меч против Лионел Меси и Аргентина.

Синот на познатата светска фудбалска легенда, Јохан Кројф за првпат че биде во улогата селектор на некоја репрезентација, а со него во националниот тим на Еквадор како спортски директор пристигна Антонио Гордон.

Токму Гордон му овозможи на Жорди да биде тренер на Чонкгкинг Лифан, кинески прволигаш, каде Кројф јуниор беше кормилар една сезона, минатата, но си замина. Претходно беше тренер и на израелскиот гигант Макаби Тел Авив.

Жорди потекнува од славната фудбалска Академија на Ајакс, а беше и дел од Ла Масија, исто така многу реномираната фудбалска Академија на Барселона, клуб за кој настапуваше од 1994 до 1996 година.

Потоа играше и за Манчестер јунајтед, Селта Виго, Алавес, Еспањол, Металург Донецк и Ла Валета во Малта, каде и ја заврши фудбалската кариера во 2010 година.

- Оглас -

Најнови вести