Му се слоши на девојче кое собира топчиња, тенисерите со спринт трчаа да помогнат (Видео)

Непријатна случка имаше на еден од терените на кои се игра првиот грен-слем годинава, Австралијан опен.

За време на дуелот помеѓу Федерико Делбонис и Педро Мартинес кој се играше на пријатни и подносливи 23 степени целзиусови, од непознати причини колабираше едно девојче кое е задолжено да ги собира топчињата и да им ги додава на тенисерите.

Кога видоа што се случи, Делбонис и Мартинес се стрчаа, со цел ако може да помогнат. На терен влета и еден гледач, веројатно медицинско лице. Девојчето беше во ред, и средбата продолжи.

 

https://twitter.com/i/status/1482967170095235077

- Оглас -

Најнови вести