Му требаа само 12 секунди да го даде голот на сезоната во Русија (Видео)

Московска ЦСКА се мачеше против Тамбов, никако не успеваше да даде гол, Армејците утнаа и пенал, па тренерот Гончаренко во 84-тата минута ја направи и својата трета измена, уфрлајќи го во игра младиот Хрват Кристијан Бистровиќ, кој е член на тимот од јануари 2018, кога дојде од Славен Белупо.

ЦСКА изведе корнер, Бистровиќ дотрча на 20-тина метри од голот на домашните, топката се одби до него и испали проектил кој заврши во горниот лев агол. Од влегувањето на Бистровиќ на терен до евроголот при кој голманот немаше шанса, поминаа само 12 секунди.

Потоа во завршните секунди ЦСКА даде уште еден гол, но јасно е дека Бистровиќ беше човекот кој го погоди пресудниот гол. Тамбов е последнопласиран тим на табелата во руското првенство и затоа кикс за ЦСКА можеше да биде катастрофален во трката за титулата, иако се поминати само девет кола.

- Оглас -

Најнови вести