Му тргна на Де Роси, Рома има два од два со наследникот на Мурињо (Видео)

Фудбалерите на Рома славеа со 2:1 кај последнопласираниот тим на табелата во последниот меч од 22-рото коло во Серија А.

Со победата Рома скокна на петтото место на табелата со 35 бода, само еден помалку од четвртата Аталанта, додека Салернитана остана закована на дното на табелата со 12 бода.

Ова воедно е втора победа по ред на Рома под палката на новиот тренер Даниеле де Роси, кој го наследни Жозе Мурињо. Поранешниот капитен на Римската волчица во минатото коло дебитираше со идентична победа од 2:1 над Верона.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а Рома поведе со голот на Пауло Дибала во 51-вата минута. Само 15 минути подоцна, Лоренцо Пелегрини зголеми на 0:2, додека Кастанос во 70-тата минута намали на 1:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

- Оглас -

Најнови вести