Му ветија дека ќе игра против Македонија – Швајцарците се бесни на Косово, му „крадат“ уште еден талент

Косово ќе ѝ „украде“ уште еден голем фудбалски талент на Швајцарија и има понуда до 18-годишниот играч од средниот ред на Базел, Огрес Буњаку, да настапува за нив.

Фудбалската федерација на Косово како адут ја користи и понудата за Буњаку веднаш да биде вклучен во националниот состав, веројатно и за мечот со Македонија, што допрва треба да се игра и е многу важен на патот до историски настап на Европско првенство за двете селекции.

Буњаку сè уште не донел конечна одлука, а „атакот“ на Косово на уште еден голем талент на швајцарскиот фудбал предизвика лавина од реакции.

„Ова треба веднаш да сопре. Буњаку има швајцарски пасош и треба да игра за нашата репрезентација. Треба да се преземат построги мерки за да се спречи ние да произведуваме таленти кои играат за други држави“, во ваков стил коментираат Швајцарците на социјалните мрежи.

Датумот за полуфиналниот меч меѓу Мкакедонија и Косово во Сегментот Д во Лигата на нациите сè уште не е одреден, а нашиот ривал се надева и прави сè за да го има големиот талент Буњаку во своите редови за дуелот во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести