Му замрзнаа имот од 3 милиони евра, црногорска легенда може да заврши и во затвор

Мирко Вучиниќ минува низ тежок период, а црногорската фудбалска легенда ќе мора да се појави пред суд во март поради затајување данок во висина од 5,8 милиони евра.

Се работи за период од 2014 до 2017 година, а адвокатите кои го застапуваат Црногорецот имаат адути бидејќи во тој период Вучиниќ не играше во Италија.

Засега му е замрзнати имот и пари во висина од 3 милиони евра, а казната во Италија за затајување на данок, ако се докаже, може да биде и затвор.

Вучиниќ играше за Лече, Рома и Јувентус во Серија А, а потоа се пресели во Обединетите Арапски Емирати во редовите на Ал-Џазира.

- Оглас -

Најнови вести