Мукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од турбофолк ѕвездите за кои се плаќаат карти и од 1.200 денари

Македонската женска ракометна репрезентација денеска го започнува настапот на европското првенство на кое нашата земја е коорганизатор заедно со Словенија и Црна Гора. Македонија е во тешка група, а како прв предизвик е дуелот против Франција. Мечот се игра во СРЦ „Борис Трајковски“, а претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги повика навивачите да дадат голема поддршка на нашите репрезентативки.

Бидејќи се работи за Европско првенство, цената на билетите ја одредува Европската ракометна федерација (ЕХФ), па затоа и најефтиниот билет е 35 евра. Сепак, од РФМ успеаа да најдат спонзори кои ќе субвенционираат 40 отсто од цената на билетот, па таа сега изнесува 15 евра, односно нешто повеќе од 900 денари.

„Знаеме дека ќе доведе до огромни предизвици за салите да бидат полни. Со спонзорите во федерацијата дојдовме до идеја за дополнителен попуст од 40 отсто за да дојдеме до колку толку пристојна цена. Свесни сме дека тоа е скапо, бидејќи кога машката репрезентација ги игра клучните мечеви, цените на билетите се 50 или 100 денари или 100 и 200 денари. Не сме поборници за скапи карти, туку ова беше нешто што го наметна ЕХФ. Ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на девојчињата, сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме. Од друга страна д друга страна исто треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари. Сепак мислам дека девојчињата кои играат за македонската ракометна репрезентација вредат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди и заслужуваат да бидат пропратени со публика која ќе им даде максимална поддршка“, изјави Мукатетов во гостувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Целото интервју на Мукаетов може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести