Мурињо: Дајер нема да игра со Макаби, тоа може да го убие (Видео)

Ерик Дајер, фудбалерот на Тотенхем, изјави дека едноставно имал „повик од природата“ и морал среде меч да отрча во тоалет по мала нужда, а тренерот Жозе Мурињо, кој трчаше по него за да го викне да побрза со враќањето на терен, по дуелот со Челзи од Лига купот го даде своето мислење.

„Тој мораше да го направи тоа. Играше втор цел меч за 48 часа, беше дехидриран, мускулите му беа ослабени. Јас заминав да му направам притисок да побрза бидејќи губевме со 0-1 и веќе немав право на измени, ми фалеше тој еден човек на теренот. Ерик дефинитивно нема да игра в четврток против Макаби, трет меч за шест дена би го убило“, изјави Мурињо.

Дајер изјави дека многу се исплашил кога во таа минута, кога тој не беше на теренот, туку во тоалет, Челзи имал шанса, но, за негова среќа, Сините не постигнаа гол.

Задоволни од победата, во Тотенхем се пошегуваа, па наградата за најкорисен играч на мечот ја ставија на WC шолјата, која за нив е вистинскиот МВП на натпреварот кој Тотенхем го доби по подобро изведување на пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести