Мурињо е фактор – Тотенхем му го краде Ибрахимовиќ на Милан

Жозе Мурињо е во одлични односи со Златан Ибрахимовиќ од ерата на Манчестер јунајтед, кога беа заедно во таборот на Црвените ѓаволи и можно е Швеѓанецот да пристигне во Лондон наместо во Милано.

Ибрахимовиќ си замина од Лос Анџелес галакси и се говореше дека ќе го засили Милан со 18-месечен договор, но доаѓањето на Жозе Мурињо на кормилото на Тотенхем може од корен да ги смени работите.

Специјалниот му беше тренер на Златан во Манчестер јунајтед и тој инсистираше пред три лета да се ангажира Швеѓанецот.

Златан има 38 години, но би бил идеална замена за Хари Кејн, особено поради фактот што Тотенхем е тенок на позицијата класичен шпиц, откако ова лето од клубот си замина Фернандо Љоренте.

 

- Оглас -

Најнови вести