Мурињо го бакна Станковиќ, но не му даде ни бод (Видео)

Емотивната средба на тренерите Жозе Мурињо и Дејан Станковиќ беше најинтересното нешто пред и за време на мечот од италијанската Серија А помеѓу Сампдорија и Рома.

Мурињо му беше тренер на Станковиќ во 2010 година, кога Интер стана и европски и италијански првак, а вечерва учителот не го надмудри којзнае колку својот ексученик, едноставно има подобри играчи од тие со коишто располага Србинот.

Римската Волчица победи со 1-0. Стрелец на голот беше Лоренцо Пелегрини од пенал уште во деветтата минута. Сампдорија и по десет одиграни кола нема победа, додека за Рома ова е трети лигашки триумф по ред, па сега е на четири бода негатива зад лидерот Наполи.

Еве како изгледаше средбата на Мурињо и Станковиќ:

- Оглас -

Најнови вести