Мурињо го пречкрта играчот кој му беше последно засилување во Челзи

Жозе Мурињо денес ја одржа првата прес-конференција како нов тренер на Рома, по што екипата почна со подготовките за новата сезона. Специјалниот направи две листи од играчи – оние на кои ќе смета и останатите кои може да си бараат нови клубови.

Еден од нив е искусниот крилен офанзивец Педро. Поранешниот шпански репрезентативец по една сезона на „Олимпико“ има дозвола да го напушти Рим откако Мурињо потврди дека нема да биде дел од неговите планови.

Годишната плата од шест милиони евра е причината што Мурињо сака да се ослободи од човекот кој му беше последно засилување во Челзи во сезоната 2015/16, само неколку месеци пред Специјалниот да добие шут-карта од „Стемфорд бриџ“.

Педро минатата сезона запиша вкупно 40 настапи за Рома со учинок од шест погодоци и седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести