Мурињо го советува Азар дека треба да заигра за Реал Мадрид

Жозе Мурињо трет месец како не е активен во фудбалот, но тоа не го спречува да дели совети. Португалскиот стратег реши да го испровоцира најдобриот играч на Челзи, Еден Азар, и му порача дека треба да заигра за Реал Мадрид. Белгискиот репрезентативец веќе подолго време е на листата на желби на Кралскиот клуб, но засега останува во Челзи.

„Кои се амбициите на Азар? Цел живот ли ќе игра во Челзи или сака да отиде во гигант каков што е Реал Мадрид? Не знам што мисли тој бидејќи одамна не сум зборувал со него. Ме прашувате дали го има талентот да игра за Реал? Го има. Дали има карактер да го носи супер тешкиот дрес на Реал и да игра пред публика како таа на Сантијаго Бернабеу? Да тој го има потребниот карактер“, рече Мурињо за Азар.

Челзи неодамна доби забрана за купување играчи во следните два преодни рока, што значи дека уште помали се шансите англискиот премиерлигаш да го продаде најдобриот играч бидејќи потоа нема да може да доведе и соодветна замена.

 

 

- Оглас -

Најнови вести