Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, го тужеше Галатасарај поради обвиненијата од овој клуб дека за време на дербито расистички ги навредувал противничките фудбалери.
Португалецот вчера беше казнет со 42.500 евра и четири меча суспензија поради тоа што рече дека „противниците скокале како мајмуни“, а потоа и ги критикуваше домашните судии изјавувајќи дека „ќе беше катастрофа ако судеше Турчин“.
Мурињо се жали порада нарушување на личните права, а од ривалот бара 1.907.000 лири што е околу 50 илјади евра, но бројот е симболичен бидејќи ја содржи годината на формирање на фудбалскиот клуб Фенербахче – 1907.