Судијата кој „му помогна“ на Арсенал против Атлетико ќе го суди и финалето на ЛШ!

УЕФА објави дека главен арбитер на финалето на фудбалската Лига на шампиони ќе биде Германецот Даниел Зиберт.

Овој судија неодамна го судеше реваншот од полуфиналето во кој Арсенал го победи Атлетико Мадрид со 1-0. Тимот од Мадрид изрази незадоволство од одредени одлуки, како на пример онаа кога свирна прекршок врз Габриел, во моментот кога Антоан Гризман постигна гол. Исто така, Џулијано Симеоне беше убеден дека ќе добие пенал поради влечењето на Габриел одзади во шеснаесетникот, но Германецот одмавна со раката.

Зиберт, оваа сезона судија во ЛШ, му донесе среќа на Арсенал и на натпреварот против Спортинг во Лисабон, кога Топчиите го добија тој натпревар со голот на Каj Хаверц во судиското продолжение. Зиберт вкупно трипати му судел на Арсенал и тимот има три победи.   

Тој му судел и на Пари Сен Жермен во групната фаза оваа сезона, во нерешениот резултат 0-0 со Атлетик Билбао. 

Големото финале ќе се игра во Будимпешта, на 30 мај во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести