Египетски новинари објавија ексклузивна информација дека Мохамед Салах се согласил да потпише за Фенербахче, но нема да го направи тоа веднаш, туку уште малку ќе почека и други понуди, па ако не добие некоја подобра од оваа, кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Фенербахче е очаен во намерата да ја прекине доминацијата на Галатасарај и нема да жали да направи состав кој ќе ја освои титулата во турската Суперлига. Фенер му понудил на Салах годишна плата од 20 милиони евра, вкупно 60 милиони за три години, и одговорот на Египќанецот бил позитивен.
Салах објави дека си оди од Ливерпул и летово ќе биде слободен и сам може да ја одбере идната дестинација. Интерес за него има од Саудиска Арабија, но тој сака да остане во Европа.
Турски медиуми веднаш направија монтажи како би изгледал Салах во дрес на Фенербахче.


