Мурињо има проблем и со Валенсија, пред дуелот со Валенсија

Жозе Мурињо има сè поголем број незадоволни фудбалери против себе во Манчестер јунајтед, а денеска ќе биде интересно да се види дали ќе го врати во составот капитенот на „црвените ѓаволи“, Антонио Валенсија, за дуелот со шпанска Валенсија во Лигата на шампионите.

Португалецот го изолира капитенот и не го стави ниту на поширокиот список за дуелот со Вест хем, викендов, а Манчестер јунајтед загуби во Лондон. Гревот на Валенсија е што не постапил капитенски на дуелот со Дерби во Карабао купот и не присуствувал на мечот од трибините, како поддршка за соиграчите.

Англиските медиуми објавија дека Мурињо и Валенсија се скарани, воопшто и не говорат меѓу себе, што само дополнително ја влошува атмосферата во Јунајтед пред дуелот со „лилјаците“ од Шпанија. Мечот ќе се игра вечерва, од 21 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести