Мурињо: Интер сезонава мора да биде првак во Италија

Жозе Мурињо веќе осум месеци е без тренерска работа, но Португалецот останува актуелен во фудбалот. Некогашниот стратег на Интер, вели дека во новата сезона Нераѕурите треба да покажат сила и да ја освојат титулата во Серија А.

„Интер мора да ја освои титулата во Италија. Сигурен сум дека ќе ја освои“, рече Мурињо, кој во 2010 година во витрините на „Џузепе меаца“ ги донесе титулите во Серија А и Лигата на шампиони. Во тој шампионски тим на Интер беше и нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Јувентус е тимот кој веќе осум години е првак во Калчото, што е доминација која никогаш претходно не била забележана во италијанското првенство. Интер летово за тренер го донесе Антонио Конте, а уште создава тим кој ќе треба да го тргне Јувентус од тронот.

Што се однесува со Мурињо, тој вели дека е посветен на учење на германски јазик. „Моментно учам да зборам германски. Тоа е јазикот кој ми недостасува. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Сакам да знам и германски“, рече Мурињо, кој уште ја чека вистинската понуда за повторно да седне на тренерското столче.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести