Мурињо ја направи оваа Рома да биде „специјална“

На пет официјални натпревари под водство на Жозе Мурињо, екипата на Рома бележи исто толку победи. Последна „жртва“ на Волчицата беше ЦСКА Софиј, во меч кој заврши со резултат од 5:1, во рамките на првото коло во Конференциската лига на Европа.

Иако бугарскиот претставник поведе со голот на Грахам Кели во десеттата минута, тоа не ја разниша играта на домаќините, кои преку Лоренцо Пелегрини и Стефан Ел Шарави направија комплетен пресврт веќе во првиот дел.

Понатаму, Пелегрини „стрелаше“ уште еднаш, а победата ја заверија Џанлука Манчини и Тами Абрахам.

И вториот српски претставник во евронатпреварувањата, Партизан, оствари победа, и тоа на гостувањето кај Анортозис. Првите бодови за тимот од Белград дојдоа со головите на Квинси Менинг (42-ра минута) и Немања Јовиќ (68-ма).

- Оглас -

Најнови вести