Мурињо ја одби понудата од Бенфика

Португалскиот гигант Бенфика, по разделбата со тренерот Руи Виторија, го контактирала Жозе Мурињо, но најпознатиот португалски стручњак одбил да прифати преземање на тренерската позиција во клубот од Лисабон.

Мурињо во текот на ноември беше ослободен од Манчестер јунајтед и уште е без работа. Португалските медиуми објавија дека Бенфика го побарала, но екс тренерот на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, и Манчестер, не сака да го преземе најголемиот ривал на Порто на чија клупа седеше три години и го направи најголемиот успех кога со прилично скромен состав освои Лигата на шампионите, па стана познат во европскиот фудбал.

Бенфика заостанува седум бода зад Порто во лигата, а откако отпадна од ЛШ, се надева на добри игри во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести