Мурињо кажа кој е најдобриот што го видел, не е ни Кристијано, ни Меси

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, не се согласува дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најдобри фудбалелри во историјата, и вели дека за него, број 1 е бразилскиот Роналдо. Специјалниот смета дека Феноменот е прв според талентот и квалитетот кои ги поседуваше, а Роналдо и Меси ги пофали дека долго време се на врвот.

„Кристијано Роналдо и Лео Меси се постојано на врвот во последните 15 години, имаат подолги кариери, но ако говориме само за талент и знаење, никој не може да надмине Бразилецот Роналдо. Тој е најдобар во историјата на фудбалот” – изјави Мурињо.

„Кога Роналдо играше за Барселона кај Боби Робсон, сфатив дека тој е најдобриот што некогаш сум ги видел. Повредите му ја уништија кариерата. Можеше да има уште повпечатлива кариера да не беа повредите. Талентот на тоа тогаш 19-годишно момче беше нешто неверојатно“ – објаснува Мурињо.

Роналдо за Барса одигра само една сезона, и даде 34 гола на 37 меча. Потоа за трансфер кој беше светски рекорд, прејде во Интер. Во 1997 година кога имаше само 21 година, беше избран за фудбалер на годината според ФИФА. Потоа следуваа повредите, а после феноменалната игра на СП 2002 кога со Бразил го освои Мундијалот, прејде во Реал Мадрид. Роналдо даде 352 гола на 518 меча во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести