Според квотите во Sport Life, Македонија е голем фаворит против Словачка

Никој во македонската машка ракометна репрезентација не бега од фаворитската улога во баражот за пласман на Светско првенство против Словачка, а и квотите за победа во Sport Life потврдуваат дека избраниците на Кирил Лазаров се фаворити.

Првиот меч се игра в четврток во Прешов, реваншот е в недела во „Борис Трајковски“ во Скопје. Очекувањата се Македонија да се пласира на СП кое ќе се игра во јануари следната година во Германија и да ја продолжиме серијата редовни учества на големите натпреварувања.

Секако, не смее да има потценување и треба уште на првиот меч во Прешов да си ја олесниме работата околу пласманот на СП. Македонија имаше некои киксеви во блиското минато, како пораз од Литванија или убедлив пораз од Фарски Острови, и тоа треба да биде предупредување и поука дека пристапот против Словачка треба да биде како да играме со некој од најсилните тимови на светот.

Нашите ракометари се големи фаворити и на првиот меч во Словачка, квотата за победа на Македонја е 1.32, додека за победа на Словачка 4.40. Во Sport Life може да најдете уште 70-тина игри и опции на кои може да се обложите.

- Оглас -

Најнови вести