Мурињо крена глас и заврши сезоната за судиите што му подарија гол за победа на Лацио (Видео)

Лука Паирето, главниот судија на мечот меѓу Специја и Лацио и Луиџи Наска, кој раководеше со ВАР системот на истиот меч се суспендирани до крајот на сезоната по катастрофалната грешка што му донесе победа на тимот од Рим со 4:3.

Репрезентативецот на Италија, Франческо Ачерби постигна гол од офсајд во 90. минута, со кој Лациалите победија со 4:3, а не реагираа ниту главниот судија Паирето, ниту главниот контролор во ВАР собата, Наска, па тие се суспендирани до крајот на сезоната.

Ачерби беше во недозволена ситуација, но голот за победа на гостите беше признат, а жестоко реагираше Жозе Мурињо, тренерот на Рома.

„Ништо не е сменето. Цели 22 години сум тренер и уште ништо не е сменето. Многу работи се менуваат во фудбалот, но во основа нема ништо сменето. И по 22 години уште можеш да победиш меч со гол постигнат од офсајд. Така беше кога почнував, така е и сега. Во ова коло се случи тим да победи со гол постигнат од офсајд“, незадоволно коментираше Мурињо.

Двата клуба од Рим имаат по 59 бода на три кола до крајот на шампионатот во Италија и се борат за петтото место што води во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести