Мурињо: Манчестер играше грозно против Барселона

Повеќе од четири месеци како Жозе Мурињо не е тренер на Манчестер јунајтед, а португалскиот стратег имаше реакција поради слабата игра на англискиот гигант во двомечот против Барселона. Манчестер двапати беше поразен и со вкупни 0-4 е елиминиран од шпанскиот првак.

Мурињо, кој како тренер многу пати играл против Барселона, вели дека е разочаран од тоа како одиграле избраниците на Оле Гунар Солскјер на „Камп ноу“.

„Барселона е Барселона. Подобар тим е од Манчестер јунајтед, имаат подобри фудбалери и е многу нормално што поминаа во полуфиналето. Манчестер правеше многу грешки посебно во одбраната одигра грозно. Погледнете само какви голови дадоа Кутињо и Меси. Никогаш не сум сакал да играм само со еден човек против Меси. За него е потребно да се направи „кафез“ за да се затвори.“, анализираше Мурињо, кој како тренер на Реал ретко наоѓаше начин како да го сопре Меси, но и да ја победи Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести