Жозе Мурињо, тренерот на Рома, гостувањето во Неапол го искористи за да прошета малку низ тесните улички на градот под Везув и да положи цвеќе во катчето посветено на покојниот Диего Марадона,кого во Неапол го споредуваат со Бог.
Специјалниот доби аплаузи од граѓаните на Неапол кои го видоа кај муралот и го ценат неговиот гест кон еден од најдобрите, ако не и најдобриот во историјата на фудбалот.
https://twitter.com/i/status/1515750491187200005