Мурињо: Надал ќе беше одличен фудбалер, но тенисот многу ќе загубеше

Фудбалскиот стручњак Жозе Мурињо рече дека фудбалските квалитети на тенисерот Рафаел Надал се големи и дека Шпанецот без проблем можел да се заминава и со најпопуларниот спорт на светот.

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед беше во добро расположение, на Вимблдон ги гледаше Роџер Федерер, Серена Вилијамс и Надал, а Специјалниот даде интересен коментар за Надал.

„Рафа е уникатен. Сметам дека тој можеше да биде фантастичен и како фудбалер. Неговиот чичко беше трениран од мене во Барселона во 1996 година. Знам дека Рафа може да игра фудбал, и тоа добро. Со неговите физички предиспозиции, карактер, памет и технички квалитети, мислам дека ќе беше перфектен фудбалер. Но, многу се радувам што не стана фудбалер, со тоа тенисот ќе загубеше многу”, рече Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести