Мурињо: Најдобар тим што сум го тренирал беше Интер во 2010

Жозе Мурињо во првото интервју за телевизијата во која ќе работи како стручен аналитичар изјави дека не размислува за пензионирање, а најсилен тим што го тренирал во кариерата му е Интер, за кого тогаш играше и Горан Пандев.

„Дали размислувам за повлекување? Не. Многу сум млад. Сакам да работам како тренер. Долго сум во фудбалот, за неколку месеци ќе наполнам 56 години и му припаѓам на врвниот фудбал, таму сакам и да останам“, изјави Мурињо за БЕИН спортс.

Мурињо ги има водено Порто (стана сензационален европски првак), Челзи (три премиерлигашки титули), Интер (ЛШ и Скудетото во Италија), Реал Мадрид (титула во Шпанија со рекорден број бодови и дадени голови), Манчестер јунајтед (ја освои Лигата на Европа) и кога би требало да одбере еден тим, смета дека најсилен бил Интер во сезоната 2009/10.

„Ако треба да бидам објективен, би рекол дека најсилен мој тим беше Интер, бидејќи во таа сезона освоивме сè. Морам да го почитувам тоа. Ја освоивме Лигата на шампионите, италијанско првенство со огромен број бодови, Италијански куп. За три дена славевме во три финалиња. Во ЛШ ја победивме Барселона со 3-1, кога тие беа најсилен тим на светот, во финалето го победивме Баерн со 2-0“, додава Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести