Мурињо наскоро ќе гостува на „Олд Трафорд“, тоа ќе биде шоу

Жозе Мурињо во раните утрински часови стана нов тренер на Тотенхем и фудбалската Англија „гори“. Сите се во големо исчекување, никој не може да предвиди како Специјалниот ќе се снајде во лондонскиот клуб, но едно е сигурно, тој точно за две недели, на 4 декември, треба да гостува кај Манчестер јунајтед.

Јунајтед го избрка Мурињо во декември минатата година поради лоши резултати и лошиот однос со ѕвездата Пол Погба. Судбината сакаше еден од првите мечеви на Мурињо на клупата на Петлите да биде токму на гости во Манчестер. Интересно ќе биде да се види како ќе биде примен на „Олд Трафорд“ и дали Жозе ќе се однесува непријателски и провокативно кон домашните.

Во Англија се зборува и дека една од причините зошто Мурињо потпиша за Тотенхем е новиот стадион, кој многу му се допаднал. Од друга страна, Тотенхем секогаш страдаше од Жозе во минатото. Мурињо има 13 победи во тренерската кариера против овој тим, против никој друг не се радувал толку многу пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести