Мурињо не доживеал ваков срам – Бодо Глимт ја декласира Рома со еден од најтешките европски порази на Волчицата (Видео)

Бодо Глимт ја понижи Рома со победа од 6:1 во меч од Конференциската лига на УЕФА, пораз што е еден од најтешките на Волчицата во еврокуповите.

Жозе Мурињо и неговите избраници се соочија со голем срам и дебакл, иако беа фаворити за победа на гостувањето во Норвешка.

Домаќините летаа на теренот и ја декласираа Рома, екипа која досега имаше највисоки порази во Европа од Баерн Минхен и од Манчестер јунајтед со по 1:7 во 2007 и во 2014 година.

Ботхејм постигна хет-трик за Бодо, а по еден гол дадоа Берг, Солбакен и Пелгрино. За Рома почесниот погодок го постигна Карлес Перес.

Bodø/Glimt [6] – 1 Roma – Ola Solbakken from soccer

Во натпревари од Лигата на Европа, Црвена ѕвезда успеа да освои значаен бод на гостувањето во Данска против Митјиланд со реми 1:1, а Динамо Загреб загуби од Рапид со 2:1 во Виена.

Резултати, Лига на Европа: Бетис – Баер Леверкузен 1:1, Фенербахче – Антверпен 2:2, Лацио – Марсеј 0:0, Лудогорец – Брага 0:1, Митјлианд – Црвена Ѕвезда 1:1, Рапид – Динамо Загреб 2:1.

Резултати, Конференциска лига на УЕФА: Хелсинки – Макаби Тел Авив 0:5, Алашкерт – ЛАСК 0:3, ФК Копенхаген – ПАОК 1:2, Бодо Глимт – Рома 6:1, Феенорд – Унион Берлин 3:1, Макаби Хаифа – Славија Прага 1:0, Мура – Рен 1:2, Карабах – Каират 2:1, Витезе – Тотенхем 1:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести