Мурињо не може без фудбалот – викендов повторно беше на стадион

Жозе Мурињо во вторникот доби отказ од Манчестер јунајтед и остана без работа. Сепак, Португалецот не може без фудбалот, а тоа го покажа откако викендов повторно се појави на трибините на еден фудбалски дуел. Жозе, заедно со својот син, Жозе Мурињо јуниор, беа на мечот Виторија Сетубал – Санта Клара во Португалија.

Сетубал е родното место на Мурињо, па сега откако веќе нема обврски во Англија, тој реши да се врати дома. Навивачите на стадионот веднаш забележаа дека на трибините е Мурињо и побрзаа да се фотографираат. Еден од најпопуларните тренери на денешницата не сакаше да збори за својата кариера.

„Од првиот ден бев горд што го водам Манчестер јунајтед и мислам дека навивачите тоа го знаат. Исто како што беше случај и со моите претходни клубови и во Манчестер работев со многу добри луѓе и верувам дека дел од нив ќе бидат мои пријатели цел живот. Се надевам дека медиумите сега ќе ми дозволат да живеам нормално се до оној момент кога ќе решам дека е време повторно да се вратам во фудбалот. Среќен Божиќ“, рече Мурињо.

Во првиот меч без Португалецот на клупата, Манчестер победи со 5:1 на гости кај Кардиф. Тоа беше прв меч по ерата на Сер Алекс Фергусон, Манчестер да даде пет погодоци за 90 минути игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести