14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Мурињо не планира брзо да се врати во клупскиот фудбал

Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем по само 17 месеци поминати на клупата на лондонскиот лондонскиот тим. Португалскиот стратег беше избркан непосредно пред финалето во Лига купот на кое Тотенхем се надеваше на првиот трофеј по пауза од повеќе од 10 години, но на крајот загуби од Манчестер сити.

Еден од најтрофејните тренери откри дека нема план во брзо време да се врати во клупскиот фудбал, па може дури и цела следна сезона да одмора.

„Немам планови, продолжувам со нормален живот. Се чувствувам свежо. На одмор сум, имам повеќе време да ги следам мечевите и да правам анализи. Ќе се вратам во фудбалот, но не во првиот клуб кој ќе ми даде понуда. Ќе ја чекам вистинската понуда. Можеби е прерано за да се вратам уште следната сезона. Ќе видиме како ќе биде“, рече Мурињо.

Португалецот нема долго да биде без работа, затоа што потпиша договор за соработка да биде стручен аналитичар на мечевите од Европското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести