Мурињо не сака неговиот тим да го користи „свињарникот“ на стадионот на Стоук

Екипата на Тотенхем утре гостува кај Стоук во меч од Лига купот на Англија, а менаџерот Жозе Мурињо добил снимка од изгледот на соблекувалната на стадионот на Стоук, а тренерот на Мидлсборо, Нил Ворнок, изјави дека соблекувалната личи на свињарник и не треба таму да престојуваат ни животни, а камоли луѓе.

Станува збор за привремено изградена соблекувална за гостинските тимови. Импровизираната соблекувална е направена за време на пандемијата од корона-вирусот, со цел да нема контакт помеѓу играчите од двата тима.

„Ги повикувам властите да обратат внимание на тоа место. Имам видео кое ми го испрати колега. Не сакам да бидам лошиот и јас да коментирам за изгледот на таа соблекувална во Стоук, новинарите треба да ја покренат темата, изјави Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести