Мурињо: Не смееме да се доведеме во ситуација како против Локомотив Пловдив

Англискиот премиерлигаш Тотенхем вечерва ќе пристигне во Скопје за утрешниот меч против Шкендија, во меч од квалификациите за Лигата на Европа. Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, откри дека нема да го потцени македонскиот ривал, за да не мора да брка негатива како против Локомотив Софија пред една недела.

„Сакаме да влеземе во групната фаза во Лигата на Европа. Многу потешки се овие мечеви од нокаут-фазата отколку во групната фаза. Сега нема место за кикс. Кога си во група, има четири екипи, може да се направи кикс и да коригирате. Тука сега нема шанса за исправка. Екипите кои никој не ги знае во топ-лигите може да бидат многу опасни и не е како пред 15-20 години. Затоа ги повикав сите најдобри играчи. Опасно е кога се игра еден меч и не смее да се дозволи кикс“, рече Мурињо.

Португалскиот стратег откри дека на денешен ден точно пред 20 години ја започнал тренерската кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести