Мурињо не трпи мрзливци, Али може да си оди

Тотенхем нема ништо против да го продаде Деле Али по ангажманот на Герет Бејл. Во тимот на Жозе Мурињо има вишок играчи, англискиот репрезентативец е еден од нив и до крајот на преодниот рок многу веројатно ќе го напушти Лондон.

Али на стартот од сезоната падна во втор план кај португалскиот стратег, а од вкупно три меча кои Петлите ги одиграа изминатиов период, играчот за врска запиша само 45 минути настап, и тоа во првото коло во поразот од Евертон. Тотенхем дури се обиде да се ослободи од Али така што му го нудеше на Реал Мадрид на позајмица како дел од привремениот трансфер на Бејл, но Кралевите одбија.

ПСЖ во меѓувреме е сериозно заинтересиран за играчот кој Мурињо во неколку наврати го нарече мрзливец. Али инаку требаше да игра вчера против Лејтон ориент, но дуелот од третото коло во Лига купот на Англија е одложен поради случаи на корона-вирус во редовите на четвртолигашот, па можно е Англичанецот утре да истрча на тревата во Скопје, во дуелот против Шкендија од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести