Мурињо плачел по телефон кога му се јавил на Пандев по мечот со Холандија!

Бобан Николов, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, во интервју за јутјуб-емисијата „Лазаров шоу“ откри интересни детали од случувањата во Амстердам откако Горан Пандев го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на Македонија.

„Кога заврши мечот со Холандија, заминавме во автобусот, стигнуваме пред хотелот, седиме на задните седишта и пред да излеземе, Пандев, кој седеше до мене, ми вели дека има видеоповик од Мурињо. Пушта камера, гледам дека е Мурињо, Мурињо почна да му зборува и потоа да плаче. Го слушнавме јас и Стефан Ристовски и сите заедно почнавме да плачеме. Штом еден Мурињо ти ѕвони, значи криво му е што веќе нема да игра, треба споменик да му се направи на Горан. Таков играч не знам дали ќе се роди“, рече Николов.

- Оглас -

Најнови вести