Мурињо: Последните три трофеи на Манчестер јунајтед беа кога јас бев менаџер!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, додека зборуваше во едно интервју за Хенрих Мхитарјан, кого го тренираше и во минатото во Манчестер јунајтед, ги потсети Црвените ѓаволи дека последните трофеи клубот ги освои кога тој и Мхитарјан биле таму.

„Јас и Мики заедно освоивме три трофеи со Јунајтед, и, за жал, тоа се трите последни освоени пехари на клубот. Велам за жал, затоа што му посакувам сè најдобро на тој клуб“, изјави Мурињо, кој жали што луѓето ги паметат само негативните работи од неговиот престој во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести