Мурињо повторно се истакна: За Кристал Палас нема значење дали ќе победи или ќе загуби

Тотенхем и Жозе Мурињо ја продолжуваат битката за четвртото место  во Премиер лигата, а следен ривал им е Кристал Палас. По 26 одиграни кола, Тотенхем има 42 бода што е пет помалку од четвртопласираниот Челзи, кој има и меч повеќе.

Кристал Палас кој ќе гостува на стадионот на Тотенхем е во сигурната зона на средината на табелата, а според Мурињо, тоа е голема предност за гостите.

„Ние сме под притисок дека треба да победиме, затоа што мора да освојуваме бодови ако сакаме да стигнеме до позицијата која ја посакуваме. Кристал Палас немаат притисок. Ако победат тоа ќе биде фантастично за нив, а ако загубат нема да имаат никаков притисок ниту од навивачите, ниту од медиумите. Ќе биде тежок меч, но не само овој меч, туку цел месец. Март ќе биде тежок месец“, рече Мурињо пред неделниот меч.

Тренерот на Кристал Палас Рој Ходсон очекува за дуелот со Тотенхем во составот да го има напаѓачот Вилфред Заха.

 

- Оглас -

Најнови вести