Мурињо преку фалење на Рамос, му се умилкува на Реал

Жозе Мурињо смета дека потегот на капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос, кон крајот на првото полувреме на дуелот со Барселона, кога го „поткачи“ Лионел Меси, е оправдан, бидејќи со тоа дефанзивецот на Реал сакал да предизвика реакција и да ги разбуди неговите соиграчи.

Мурињо смета дека мечот Реал – Барселона не личел на дерби, бидејќи немал никаков интензитет, па го оправда обидот на Рамос кој точно знаел како да ја „зоврие“ крвта кај колегите. Но, многу брзо дојде паузата за полувреме, па после одморот, страстите се смирија.

„Мислам дека во првото полувреме, двата тима додека ја имаа топката, не им правеа преголеми проблеми на противничките одбрани. Немаше интензитет во дефанзивните акции, сите некако играа со половина од силите. Тоа не е температура која треба да владее на едно големо дерби и меч кој може да одлучи за титулата. Мислам дека Рамос знае како може да го смени текот на средбата и се обиде да создаде поголема тензија, бидејќи мечот беше премногу мирен и мек“ – изјави Мурињо.

Мурињо се спомнува како можен тренер на Реал за следната сезона, а тој знае дека мора да биде во добри односи со капитенот, па многумина оваа анализа ја толкуваат како умилкување на Жозе кон Рамос, со цел да си ја отвори вратата за враќање во Реал.

- Оглас -

Најнови вести