Жозе Мурињо летово направи сензационален потег и прифати да биде тренер на Фенербахче. Португалецот е најголемото засилување за џинот од Босфорот, а тоа се покажа и со одличниот старт во квалификациите за Лигата на шампионите.
Сепак, иако неодамна пристигна во Истанбул, Мурињо веќе знае која ќе биде неговата следна дестинација, односно најави враќање дома.
„Двапати ги одбивав, но третпат нема да можам. Едноставно да се биде селектор на својата татковина е нешто посебно за мене.“ – рече Мурињо и испрати порака во Фудбалскиот сојуз на Португалија дека е подготвен да седне на клупата на репрезентацијата.