Во Португалецот го гледаат спасот: Мурињо се подготвува да биде селектор на Бразил

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Ова го откри поранешниот бразилски репрезентативец Карлос Алберто, кој добил предлог да биде помошник во националниот тим.

„Ќе го кажам ова директно и официјално. Мурињо најверојатно ќе биде новиот селектор на Бразил. Тој ме контактираше и побара од мене да му бидам помошник во стручниот штаб“, изјави Алберто, кој има 38 години, а пет пати во кариерата го носел националниот дрес на Бразил.

Алберто и Мурињо се познаваат 20 години, затоа што тој како играч беше дел од составот на Порто кој ја освои Лигата на шампиони во 2004 година.

Бразил остана без селектор откако стратегот Тите доби отказ по елиминацијата на Кариоките од Хрватска на пенали, во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести