Мурињо се предава предвреме и ќе му дозволи на Челзи вечерва да победи!?

Тотенхем против Челзи во осминафиналето на Лига купот на Англија е дербито на денот во европскиот фудбал. Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието затоа што тренерот на Тотенхем за ривал го има некогашниот негов клуб Челзи.

Португалскиот стратег како предвреме да најави дека ќе се откаже од трката во Лига купот на Англија затоа што распоредот кој го има Тотенхем е пеколен. Тотенхем завчера играше против Њукасл во Премиер лигата, вечерва против Челзи, а веќе в четврток ќе оди на мегдан против Макаби Хаифа во рамките од плејофот за пласман во Лигата на Европа.

„Што ќе направевте вие да бевте на мое место. Сакам да се борам за Лига купот, но едноставно не можам. Веќе в четврток имаме важен меч против Макаби. Влезот во групната фаза од Лигата на Европа можеби нема да ни донесе толку многу пари како во Лигата на шампионите, но сепак е важно да се биде дел од европските натпреварувања“, рече Мурињо.

Челзи ги има добиено последните четири меча против Тотенхем, а се очекува и вечерва да ја има улогата на фаворит во Лига купот.

 

- Оглас -

Најнови вести