Мурињо се враќа во Италија, ама не во Интер?

Жозе Мурињо е во контакт со Интер и со Рома за враќање во Серија А, но според шпекулациите, тој е поблиску до договор со римскиот, отколку со миланскиот клуб, со којшто беше европски првак во 2010 година.

По отказот што го доби од Манчестер јунајтед, Мурињо најави дека од следната сезона повторно ќе работи како тренер. За неговото име се врзуваа многу клубови, па дури и француски, а најнов е Рома. Наводно, Мурињо се согласил да работи за 8 милиони, наместо досегашните 10 милиони евра годишна плата, но во Интер некои од челниците повеќе сакаат на клупата да им седне Антонио Конте.

Од Рома разговарале телефонски со Португалецот и преговорите се во почетна фаза. Клаудио Раниери, кој неодамна дојде на местото на Еузебио ди Франческо, не им е решение на „жолто-црвените“.

„Сакам до јуни да најдам клуб за да можам навреме да направам подготовки. Знам точно што не сакам и затоа одбив три-четири понуди. Знам што сакам, барам клуб кој има одреден стил на работа“, изјави Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести