Мурињо дури сега ќе збесне

Манчестер јунајтед и оваа сезона е далеку од трката за титулата. „Црвените ѓаволи“ веќе заостануваат 12 бодови зад лидерот Манчестер сити и веќе може да заборават на трофејот. Тоа го знае и менаџерот на екипата Жозе Мурињо, кој изјави дека сега фокусот е да се стигне до позиција која води до место во Лигата на шампионите. И за таа позиција потребно е да се надополнат седум бодови, што значи дека Јунајтед ќе има тешка задача.

Мурињо уште од почетокот на сезоната бара нови играчи и со нетрпение чека да дојде почетокот на зимскиот преоден рок. Сепак, според весникот „Индепендент“, челниците на Манчестер не планираат да потрошат пари за нови играчи во јануарскиот преоден рок.

Португалскиот стратег бара засилувања во одбраната и во средниот ред, но доколку се точни овие најави од англиските медиуми, Мурињо дури сега ќе почне да се лути на ваквиот потег.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести