Мурињо: Тоа се тие модерни пенали, да те допре со ноктот или дури и со носот

Тотенхем претрпе пет порази во последните шест меча, нешто што му се нема случено во кариерата. Лондонскиот тим вчера загуби на гостувањето кај Манчестер сити со 3:0, а отпорот на Тотенхем беше скршен кога беше досуден пенал во првото полувреме за Сити.

Граѓаните го реализираа пеналот и на тој начин го отворија патот до нов триумф, вкупно 16-ти по ред во сите натпреварувања. Мурињо беше лут на начинот на кој беше досуден пенал за Сити и објасни како се судат денешните модерни пенали.

„Ова беше дуел на свеж тим, против уморна екипа. И во таква ситуација, добро го почнавме мечот, имавме контрола, ја погодивме и стативата. Потоа примивме гол за 1:0 и тоа од еден од оние таканаречени модерни пенали како што ги викам јас. Модерен пенал е тој кога се свири кога ќе те добре со ноктот. Се зависи од противникот. За некои тоа е пенал дури и кога ќе ги допреш со ноктот. ВАР подоцна не може да негира дека имало контакт со прстот, ноктот или со носот“, рече Мурињо.

Во последните два меча тимот на Мурињо прими вкупно осум гола, нешто што никогаш претходно не доживеале екипи водени од португалскиот стратег.

 

- Оглас -

Најнови вести