Мурињо никогаш не го доживеал ова во кариерата

Тотенхем нареди четири порази во последните пет меча во Премиер лигата, а ако тука се додаде дека беше елиминиран и во ФА Купот од Евертон, тогаш јасно е дека лондонскиот тим е во криза. Тимот на Жозе Мурињо денеска имаше тешка задача, бидејќи гостуваше кај лидерот Манчестер сити, кој имаше 15 победи во низа.

Граѓаните без проблеми победија со 3:0, а овој пораз на Тотенхем донесе и еден неславен рекорд на Мурињо. Тотенхем пред три дена загуби од Евертон со 5:4 во ФА купот, што значи дека тимот на Мурињо во последните два меча прими дури осум гола.

Во речиси 20-годишната тренерска кариера клубовите кои ги предводел Мурињо никогаш не примиле осум гола во два меча по ред, што значи дека ова е неславен рекорд за португалскиот стратег кој беше познат по тоа дека неговите клубови секогаш негувале цврста одбрана.

 

- Оглас -

Најнови вести