Мурињо уште ги казнува играчите кои го посрамотија: Веќе го соопшти составот на Рома за следниот меч

Рома и Наполи ремизираа без голови на „Олимпико“ во Рим за првпат во првенството по пауза од неверојатни 41 година. Од ремито очигледно дека не беа задоволни тренерите на двата тима, па затоа и бурно реагираа, по што судијата им даде црвени картони. Жозе Мурињо беше исклучен во 81-вата минута, а Лучијано Спалети доби црвен картон по завршување на средбата.

По завршувањето на дуелот на „Олимпико“, Мурињо направи уште едно шоу на прес-конференцијата и повторно во прв план беше срамниот пораз од Бодо Глимт со 1:6 во Конференциската лига од минатата недела. Токму поради тој пораз, Мурињо реши за дербито против Наполи да изостави неколку фудбалери.

„Тој меч ќе ме прогонува и никогаш нема да го заборавам“, рече Мурињо, кој потоа додаде дека нема ништо да смени и за следниот меч против Калјари на гости. „Во следното коло во стартниот тим ќе бидат истите играчи што играа против Наполи“, откри португалскиот стратег.

Рома моментно е на четвртото место на табелата со 16 бода од девет кола.

 

- Оглас -

Најнови вести