Мурињо во негов стил победи кај Сампдорија, но за малку ќе си ја „скршеше“ главата (Видео)

Рома продолжува со добри резултати во Серија А, откако победи на гостувањето кај Сампдорија со 1:0. Римската волчица одигра во препознатливиот стил на нивниот тренер Жозе Мурињо и со само еден гол стигнаа до трите бода.

Хенрик Мхитарјан погоди во 27 минута, а тоа беше и единствниот директен удар во рамките на противничкиот гол за Рома и тоа беше погодок.

Мурињо како и секогаш, постојано имаше реакции во текот на мечот, а во еден момент за малку можеше да заврши со „скршена“ глава. Португалскиот стратег скокна од клупата, но удри директно во кровот од плексигласот на гостинската клупа. За среќа, Мурињо не настрада.

- Оглас -

Најнови вести